More

    „Last Stand“ е дел од истражувањето на потенцијалите на ВИ

    spot_img

    Во екот на секојдневната еволуција и чудата што ни ги презентира ВИ (вештачка интелигенција), група истражувачи неодамна го претставија првиот филм снимен со помош на вештачка интелигенција.

    Станува збор за филмот „Last Stand“ кој е направен како дел од истражувањето на можностите и опциите кои ги нуди вештачката интелигенција, а се работи за научно-фантастичен десетминутен филм кој се занимава со темата на контакт со вонземски видови.

    Во филмот, за кој вештачката интелигенција го напиша сценариото, ги интерпретира сите гласови, го разработи целиот концепт на филмот, се прикажува моментот кога планетата Земја е контактирана од вонземјани.

    Вонземјаните се појавуваат во четири необични летала, во форми кои често се гледаат во филмовите, но проблем се јавува кога глобалните лидери на Земјата не можат да се договорат кој ќе го оствари првиот контакт.

    Русија, Кина и Индија склучуваат пакт и одлучуваат да лансираат сопствена мисија и да развијат вселенско летало кое ќе биде првото што ќе стапи во контакт со вонземјани, на тоа наидува на големо неодобрување од САД и претседателот Џо Бајден.

    Филмот кулминира кога две одвоени вселенски летала се соочуваат пред вонземјанско летало, едното направено во соработка меѓу Русија, Кина и Индија, а другото направено од САД и нивните сојузници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img