More

    Путин на „Вагнер“ и на руските војници им го честиташе освојувањето на Бахмут

    spot_img

    Руското Министерство за одбрана потврди дека е заземен градот Бахмут, по што рускиот претседател Владимир Путин им честитал на паравоената организација „Вагнер“ и на припадниците на руските вооружени сили кои учествувале во битките за тој град.

    „Владимир Путин им честита на јуришните одреди „Вагнер“, како и на сите војници на руските вооружени сили, кои им ја дадоа потребната поддршка и заштита на страните, како и завршувањето на операцијата за ослободување на Артјомовск“, се наведува во соопштението на Кремљ. што ја пренесе агенцијата РИА Новости.

    Руското Министерство за одбрана претходно објави дека е завршено со „ослободувањето“ на Бахмут (друго име е Артјомовск) и потврди дека операцијата ја извршила приватната паравоена група „Вагнер“ со артилериска и воздушна поддршка на редовната руска армија.

    Соопштението дојде неколку часа откако шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин на социјалните мрежи објави дека неговите борци ја презеле целосната контрола над градот.

    Тој во саботата објави дека е постигната целосна контрола над Бахмут и додаде дека неговите сили ќе се повлечат од тој град од 25 мај, за одмор и нова обука.

    Контролата над градот ќе биде предадена на руското Министерство за одбрана, објасни Пригожин.

    Бахмут, град со 72.000 жители пред конфликтот, неколку месеци беше сцена на крвава битка, при што руските сили речиси го опколија и систематски ја туркаа украинската војска од нејзините западни предградија.

    Градот во голема мера бил уништен за време на борбите, а повеќето жители го напуштиле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img