More

    На пристаниште во Грција пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата на Република Северна Македонија

    spot_img

    На пристаниште во Грција пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата на Република Северна Македонија – информираше денеска на брифинг за новинари министерката за одбрана Славјанка Петровска.

    – 26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип – рече Петровска.

    Дел од арсеналот на Армијата веќе се шесте оклопни возила од истиот тип кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата имаа можност да се обучуваат. Станува збор за повеќегодишна набавка на вкупно 88 оклопни возила од ваков тип, која ќе се реализира во следните години.

    – Со овие најмодерни и најсофистицирани оклопни возила го менуваме ликот на Армијата, ја зголемуваме нејзината борбената готовност и ја зацврстуваме безбедноста на Република Северна Македонија и НАТО Алијансата – рече Петровска.

    Таа информираше дека Украина до Македонија испратила ново барање за воена помош, кое се разгледува и анализира во моментот во Генералштабот, а доколку Владата донесе дополнителна одлука за испраќање воена помош, јавноста ќе биде известена.

    – Се прави анализа, отворени сме сè додека има потреба од поддршка – рече Петровска.

    Таа појасни дека станува збор за класифицирано барање, па не може да сподели детали за тоа од какво оружје Украина има потреба. Информациите за помошта, која е веќе испратена и декласифицирана, е објавена јавно, додаде министерката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img