More

    Сноуден за скандалот со Бајден

    spot_img

    „Вреди да се напомене дека се чини дека претседателот (Бајден) побегнал со повеќе доверливи документи од многу свиркачи (во службите)“.

    Вака напиша политичкиот азилант Едвард Сноуден на социјалните мрежи за случајот со доверливите документи кои беа пронајдени во канцеларијата на Џо Бајден. Тој ја спореди ситуацијата со Бајден со случајот „Реалити Винер“ каде човек од службите бил осуден на 5 години затвор само за еден документ.

     

    Сноуден, кој доби руско државјанство избегнувајќи судење во САД поради тоа што објави извештај за наводното руско мешање во изборите во 2016 година. Како човек на НСА, Нациолната агенција за безбедност, Сноуден во своето време обелоденил документи во кои се открива како Вашингтон се труди да изврши да изврши надзор врз одредени американски граѓани.

    „Американскиот претседател Џо Бајден веројатно се оддалечи со повеќе доверливи документи од многу свиркачи, но за разлика од нив тој ќе се извлече од тоа“, пишува Сноуден.

    „Во меѓувреме Бајден, Трамп, Клинтон, Петреус… овие момци имаат десетици, стотици (документи). Нема затвор (за нив)“ , додава тој.

    Сноуден напишал и дека „вистинскиот скандал не е тоа што Бајден имал доверливи документи што излегувале од неговите чорапи, бидејќи за жал сите тие (претседатели) го правеле тоа. Скандалот е што Министерството за правда дозна за тоа една недела пред среднорочните избори и избра да ја потисне приказната, давајќи ѝ предност на партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img