Жителите на градот Милдура во северната австралиска држава Викторија го гледаа небото на кое во средата вечерта се појави необична розова светлина.
„Беше доста бизарно. „Бев само на телефон со мајка ми, а татко ми рече дека на светот му се ближи крајот“, рече Тами Шумовски.
Фармацевтската компанија Cann Group потврди дека светлината доаѓа од нивната фабрика за медицинска марихуана бидејќи ги оставиле отворени ролетните за затемнување.
„Растенија од канабис бараат различен спектар на светлина за оптимално да растат“, рече Рис Коен, портпарол на Cann Group Ltd.
„Најчесто се користи црвениот спектар. Во спротивно, секогаш ги спуштаме ролетните навечер и во иднина ќе го блокираме тоа светло“, пишува Гардијан.