Супермоделот Наоми Кембел се фотографираше за британското издание на магазинот „Вог“, меѓутоа, овој пат не беше сама. Оваа 51-годишна манекенка во раце ја држеше својата ќерка.
Откако целосно во тајност ја држеше бременоста и се породи, манекенката сега се фотографираше и ја претстави својата миленичка на јавноста:
– Таа не е посвоена, таа е мое дете“, рече таа.
Многу впечатлива е нејзината фризура, нејзината коса дава посебна нота на оваа фотографија и го привлекува вниманието кон себе со својата необичност. Вака на фотографијата можеше да се види комбинацијата на „Валентино“ која донесе чиста енергија. Впечатливи се и нејзините винтиџ прстени на фотографијата потпишана од галеријата Fd.
На социјалните мрежи се појавија уште некои фотографии на кои манекенката доминира, облечена во многу едноставни парчиња кои ѝ даваат посебна димензија на нејзината витка фигура.
ФОТО: Инстаграм