More

    Зеленски го повика Бајден: Биди светски лидер, биди лидер на мирот

    spot_img

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на денешното обраќање пред американскиот Конгрес, го спореди ужасот од руската војна во неговата земја со Перл Харбор и нападите од 11 септември.

    – Ова е терор што Европа не го видела, не го видела 80 години – рече Зеленски.

    Тој му се обрати на американскиот претседател Џо Бајден дека да се биде лидер на слободниот свет значи и да се биде „лидер на мирот“.

    Во обраќање до американскиот Конгрес, апелирајќи за поголема воена помош за борба против руската инвазија, Зеленски рече дека оваа војна не е само за неговата земја, туку за „вредностите на Европа и светот“.

    – Му се обраќам на претседателот Бајден. Вие сте лидер на нацијата, на вашата голема нација. Ви посакувам да бидете лидер на светот. Да се биде лидер на светот значи да се биде лидер на мирот – рече Зеленски.

    – Се сеќавате на Перл Харбор, страшното утро на 7 декември 1941 година, кога вашето небо беше црно од авионите што Ве напаѓаа – рече тој, потсетувајќи на воздушниот напад што ги внесе САД во Втората светска војна.

    – Се сеќавате на 11 септември, ужасен ден во 2001 година кога злото се обиде да ги претвори вашите градови, независни територии, на боишта – рече Зеленски, порачувајќи дека „нашата земја секојдневно го доживува истото“.

    Зеленски упати уште еден апел до САД и нивните сојузници да создадат зона за забранети летови за да ја заштитат неговата земја од руски воздушни напади.

    – Зборовите „Јас имам сон“, му се познати на секој од вас денес. Имам потреба, треба да го заштитам нашето (украинското) небо. Ми треба вашата одлука, вашата помош – рече Зеленски во онлајн-обраќањето.

    – Дали е ова премногу да се побара, да се создаде зона за забранети летови над Украина, да се спасат луѓето? Дали е ова премногу за да се бара – запраша Зеленски, за како што рече „Русија да не може да ги тероризира нашите слободни градови“.

    Иако САД не мислат да прогласат забранета зона на летови, во меѓувреме, МејлОнлајн објави дека американскиот претседател Џо Бајден размислува за испраќање американски противтенковски беспилотни летала – камикази „Switchblade“ во Украина, како дел од одбранбениот пакет од една милијарда долари, чија цел е да одговори на барањата за помош од Зеленски.

    Малите, лесни и релативно евтини оружја – камикази, кои всушност претставуваат бомби со далечински управувач, се произведуваат во две верзии и се дизајнирани да гаѓаат тенкови или артилериски позиции.

    Се верува дека со истите ракети е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани за време на управувањето на Доналд Трамп во 2020 година, потсетува британското издание.

    Ен-Би-Си Њуз, од своја страна, соопшти дека одлуката сѐ уште не е донесена . Според американската ТВ-мрежа, постојат две варијанти на оружјето „Switchblade“ – 300 и 600, кои на американската армија ѝ ги доставува производителот на оружје „AeroVironment“. Типот „300“ е дизајниран за прецизни напади против воен персонал, а типот „600“ може да уништи тенкови и други оклопни возила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img