Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Вашингтон пост повикувајќи се на повеќе извори.
Весникот наведува дека Трамп разговарал со Путин во четвртокот, што е нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина.
Според изворите, Трамп му се јавил на Путин од неговото одморалиште на Флорида.
– За време на разговорот, Трамп го советувал рускиот претседател да не го ескалира конфликтот во Украина и го потсетил на значителното воено присуство на Вашингтон во Европа- рекол изворот.
Во својата претседателска кампања, Доналд Трамп рече дека веднаш ќе стави крај на војната, иако не понуди детали за тоа како има намера да го стори тоа.