Веста дека Луис Хамилтон и Серена Вилијамс сакаат да бидат меѓу сопствениците на Челзи предизвика големо внимание во светот на спортот.
Во оваа прилика зборуваше и Макс Верстапен, кој имаше интересни согледувања за својот голем ривал од Мерцедес.
„Мислев дека Луис е навивач на Арсенал. Интересно е што некој кој навива за Арсенал, сака да учествува во купувањето на Челзи. Сепак, тоа се негови пари и може да прави што сака со него“, изјави Верстапен.
Холанѓанецот не застана тука.
„Јас сум навивач на ПСВ Ајндховен и никогаш не би го купил Ајакс. И уште нешто. Кога би купил фудбалски клуб, би се согласил само со опцијата да бидам 100% сопственик. Не би се задоволил само со проценти, како што сака Хамилтон“, истакна актуелниот шампион во Ф1.