Цените на европскиот природен гас оваа недела паднаа на нивото од пред руската инвазија на Украина.
Фјучерсите за јануари следната година паднаа неделава под 77 евра за мегават час, цена што не е забележана од февруари. Вчера се тргуваше по цена од околу 81,5 евра.
Во август годинава кога го постигна врвот, цената на гасот надмина 345 евра/MWh, бидејќи Русија ја зголеми цената на извозниот природен гас како одговор на санкциите на ЕУ, а високите летни температури ја зголемија побарувачката, но и ја намалија понудата.
Ненадејното зголемување на цената доведе до големо зголемување на цената на струјата што пак предизвика раст на цените на производите и пораст на трошоците за живот во дел од Европа.