More

    Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија

    spot_img

    Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5% во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. Народната банка досега презеде повеќе мерки за поддршка на финансирањето на овој сегмент, вклучително и измената на инструментот задолжителна резерва, а во моментов се работи на подготовка на Стратегија за зелени финансии во соработка со Светската банка. Инвестициите во овој сегмент ќе ја намалат ранливоста на македонската економија и ќе ја поддржат макроекономската стабилност. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Ангела Агелер.

    Глобалниот енергетски шок значително ја погоди македонската економија во неколку сегменти. Со оглед на високата енергетска зависност и високата енергетска интензивност, овој глобален шок имаше голем придонес кон растот на инфлацијата, а истовремено придонесе за продлабочување на трговскиот дефицит. Всушност, повеќе од 80% од продлабочувањето на трговскиот дефицит се должи на енергетскиот трговски дефицит. За справување со оваа структурна ранливост, неопходни се инвестиции во енергетскиот сектор, а за тоа е потребна и поддршка од банкарскиот сектор којашто постојано се зголемува. Со оглед на тоа дека и покрај кризниот период, банкарскиот систем ја задржа солидната капитализираност и ликвидност, тој има капацитет и натаму да ги поддржува овие проекти коишто ќе помогнат за структурна трансформација на нашата економија.

    Зборувајќи за макроекономските предизвици, како резултат на глобално високите стапки на инфлација и геополитичките тензии, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека за задржување на стабилноста е неопходно и натаму да се водат претпазливи макроекономски политики.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img