More

    Зошто јадеме хамбургери после алкохол?

    spot_img

    Дали некогаш сте се запрашале зошто посакувате сочно парче месо кога ќе се вратите од ноќно излегување? Можеби научниците конечно го нашле одговорот. Австралиските истражувачи велат дека алкохолот го зголемува нивото на хормони во телото кои нè тераат да копнееме за протеини.

    Резултатите од студијата која ги следела навиките на 9.341 возрасен Австралиец во текот на 24 часа ќе бидат претставени на Меѓународниот конгрес за дебелина во Мелбурн. 40 отсто од нив конзумирале алкохол тој ден. Притоа, консумирале повеќе солена храна од оние кои не пиеле, како и многу повеќе калории од другите. Повеќето од речиси 4.000 анкетирани пијаници избрале да се наполнат со посно месо, риба и јаткасти плодови, но третина избрале ќебапи и чипс. Во српската верзија, тоа би било плескавица или некое друго месо од скара во блискиот киоск за брза храна.

    „Познато е дека алкохолот го зголемува апетитот, особено желбата за солена храна. Неодамнешните студии покажаа дека нивото на FGF-21, хормон кој ја зголемува желбата за протеини, се зголемува по конзумацијата на алкохол“, вели водечкиот автор на студијата, д-р Аманда Греч.

    Таа предлага после излегувањето наместо калорична и нездрава храна да изберете сирење, несолени јаткасти плодови и сиров зеленчук или хумус.

    „Згора на тоа, задолжително следете ги упатствата за внесување алкохол, чие пиење носи други ризици освен дебелината“, додаде таа.

    Долготрајното пиење премногу алкохол може да го зголеми ризикот од висок крвен притисок, мозочен удар, заболување на црниот дроб и некои видови на рак, како и деменција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img