More

    Жртви, повредени, големи штети во Загреб, Крањ, Нови Сад, Белград, Брчко, Бања Лука…

    spot_img

    Повеќе балкански градови изутринава го соочуваат со размерите и штетите од силното невреме што зафати делови од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина. Таканаречената „суперклеточна“ или суперќелијка бура, е посебен и сериозен метеоролошки феномен кој носи исклучително опасни временски услови, екстремно силни ветрови, големи количини на врнежи и торнада.

    Изутринава Град Загреб ги предупреди граѓаните заради лична сигурност да не ги посетуваат парковите, додека не се санирааат бројни опасни, навалени и паднати дрвја. На терен се излезени бројни екипи, заедно со градоначалникот Томислав Томашевиќ.


    Три лица загинаа, а неколку се повредени во невремето што синоќа го зафати Загреб и другите делови на континентална Хрватска. Една жртва имаше и во Словенија, и една во Босна и Херцеговина, каде има и над 20 повредени. Во Србија засега нема информации за загинати, а биле евакуирани повеќе лица.

    Двајца мажи загинаа кога врз нив паднало дрво, изјави Љупка Хитрова од Наставниот институт за итна медицина на Град Загреб.

    Четириесетгодишен возач загина и во општина Черник во Бродско-посавинската жупанија поради паѓање на дрво врз возилото.

    Поради невремето итните служби примиле над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени, а пожарникарите имале 50 интервенции.

    Поради последиците од невремето, железничкиот сообраќај е во прекин на повеќе делници.

    Временски непогоди вчера попладне ја зафатија Словенија движејќи се од запад кон исток и предизвикаа големи штети низ целата земја, јави агенцијата СТА.

    Едно лице загина во Блед по пад на дрво соборено од жестоко невреме, соопшти полицијата од Крањ на 19 јули. Во удар на гром се повредени две лица.

    Една жена загина во средата вечерта во невремето што го погоди Брчко, на северот на Босна и Херцеговина, а повеќе од 20 лица побарале медицинска помош, јави агенцијата СРНА.

    Итната помош имала седум интервенции и дека се работи за полесни повреди предизвикани од пад или удар со тап предмет.

    Се додава дека ветерот во Брчко корнел дрвја, кршел гранки, оштетил неколку автомобили, а се случиле и два пожари.

    На подрачјето на Самац, на северот на Босна и Херцеговина, Штабот за вонредни ситуации прогласи состојба на елементарна непогода во оваа општина, откако бурниот ветер предизвика големи материјални штети на приватни, деловни и станбени објекти, јавува Радио-телевизија на Република Српска.

    Во исто време затворен за сообраќај е и аеродромот во Бања Лука, бидејќи попладнето невремето го оштети покривот на пристанишната зграда на компанијата Аеродром Република Српска, соопштија од компанијата.

    Невремето попладне е забележано и во Добој, каде дождот ги поплави улиците.

    Две лица се повредени во невреме во Нови Сад, јавува Радио-телевизија на Србија. На лице место укажана е лекарска помош на дванаесетгодишно девојче, на кое паднало дрво и е пренесено на хируршкото одделение во Детската болница во Нови Сад. Таа е свесна и во стабилна состојба, јави РТС.

    Ветерот соборил од скутер 74-годишен маж, кој во свесна состојба бил пренесен на хируршкото одделение на Ургентниот центар во Нови Сад, јавува РТС. Во некои делови од градот нема вода и струја, додека во Сремски Карловци нема струја. Граѓаните масовно пријавуваат штети на објекти. На повеќе места во градот била забележана и полиција која предупредува на отежнати услови за движење.

    Припадници на Одделението за вонредни состојби евакуирале 15 лица од невремето што вечерта ја зафати Србија, јавува Радио-телевизија на Србија.

    Секторот за вонредни ситуации интервенираше претежно на неколку места во Војводина на северот од земјата, каде беа евакуирани 12 лица. Во Крагуевац, во централна Србија, екипи евакуираа три лица од невремето. Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии од штетите по невремето – штети на станбени згради и јавни објекти, автомобили и патишта, скршени дрвја.

    Електродистрибуција Србија соопшти дека поради силното невреме се забележани голем број дефекти и штети на нисконапонската мрежа во многу градови. На некои пруги во Србија дошло до проблем при напојување на контактната мрежа над шините со струја, зашто паднале дрвја на шините, што предизвикало тешкотии во функционирањето на железничкиот сообраќај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img