More

    Жителите на Косово од Нова година во ЕУ без визи

    spot_img

    Жителите на Косово конечно го знаат датумот – од Нова година конечно можат да планираат патувања во Европската унија без визи и да останат во неа до 90 дена.

    Пратениците во Европскиот парламент го поддржаа укинувањето на визите за граѓаните на Косово, со што беше отстранета и последната законска пречка за официјално потпишување на Договорот за визна либерализација, што беше планирано за еден ден подоцна.

    Исто така, на овој начин Европската Унија затвори еден вид „дупка“ на територијата на Европа, бидејќи граѓаните на Косово беа единствените од континентот кои за да влезат во ЕУ мораа да одат во амбасадите на земјите-членки да добијат визи.

    Европската комисија уште во 2018 година објави оценка дека Косово ги исполнува сите критериуми за визна либерализација и препорача укинување на визите за имателите на пасоши издадени од администрацијата во Приштина.

    Сепак, некои земји-членки, а пред се Холандија, имаа резерви по ова прашање, па го блокираа Договорот.

    Визната либерализација со Косово беше официјално одобрена од амбасадорите на ЕУ во декември минатата година.

    Иако првично беше планирано истиот ден да биде пуштен во употреба и „Европскиот систем за информации и овластување за патување“ (ETIAS), кој подразбира регистрација пред патувањето, сепак последното одложување на почетокот на работата на тој систем нема да одложување на визната либерализација со Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img