More

    Жителите на Кирибати и на Нов Зеланд веќе ја прославија 2024

    spot_img

    Жителите на тихоокеанскиот остров Киритимати познат и како Божиќен остров, на островската држава Кирибати каде живеат околу 5. 000 луѓе, први во светот ја пречекаа Новата 2024 година со огномет и забави на отворено во јужниот дел на Пацификот, јави ДПА.

    Киритимати е најголемиот остров на пацифичката островска држава Кирибати и првото населено место каде што започнува секоја нова година. Кирибати е островска држава во централниот дел на Тихиот Океан, а 33-те атоли на Кирибати покриваат повеќе од 1.350.000 квадратни километри во областа околу екваторот.

    И жителите на островите на архипелагот Чатам, дел од територијата на Нов Зеланд, неколку минути подоцна ја прославија Новата 2024 година. На островите лоцирани на околу 800 километри источно од јужниот остров на Нов Зеланд, живеат околу 700 жители.

    Првиот голем град што ќе ја пречека Новата година ќе биде најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд. Потоа во новата година влегува Австралија. Во Сиднеј новата година е дочекана со спектакуларен огномет кај популарната Опера.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img