More

    Зегин освои трето место во категоријата „Најпопуларна е-продавница“

    spot_img

    Kомпанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории на наградите за избор на најдобрите во македонската е-трговија Ecommerce Awards, а го освои третото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница“.

    Изборот се одржа во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а наградата на Зегин претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

    Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкуренстноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

    – Онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk функционира две години, а доказ за успешноста е токму оваа награда која претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина – велат од компанијата.

    Во тој контекст, по барање и на задоволство на купувачите, оваа година услугите на онлајн продавницата www.zegin.com.mk се прошируваат и се достапни во сечиј дом на територијата на целата држава, за уште подобро, полесно и подостапно купувачко доживување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img