More

    Здравје на забите – совети кои не треба да се игнорираат

    spot_img

    Веќе многу пати сте слушнале дека треба да ги четкате забите најмалку три пати на ден и редовно да користите конец, но постојат некои помалку познати факти за исхраната и хигиената кои се релевантни за здравјето на вашите заби.

    Совети кои не треба да се игнорираат, доколку сакате добро да се справите со забите:

    Не мијте ги забите веднаш по оброкот
    Многу е лесно да се оштети забната глеѓ на овој начин, особено ако користите четка со поцврсти влакна.

    Веднаш после јадење, забната глеѓ станува малку помека, па поради оваа причина стоматолозите препорачуваат да ги миете забите само 30 до 40 минути по оброкот.

    Кафето не е пријател на вашите заби
    Сите сакаме кафе, но тоа не го менува фактот дека тоа не е добро за здравјето на нашите заби, особено кога го консумираме со шеќер.

    Проблематично е и тоа што долго пиеме една шолја од овој напиток. Нам ни е јасно дека кафето стана цел ритуал во кој уживаме секое утро на работа или во кафуле со пријателите, но за забите би било подобро ако го пиеме што побрзо.

    Посетителите на базенот треба да бидат внимателни
    Нема да ви кажеме да се лишите од задоволството од пливањето. На крајот на краиштата, оваа активност е здрава за вашето тело. Сепак, постои еден проблем.

    Водата од базенот содржи хемикалии за дезинфекција кои се многу лоши за вашите заби. Поради оваа причина, избегнувајте базени барем во лето кога имате можност да пливате во солена и свежа вода.

    Гравот е само за оние со здрави заби
    Ако имате шуплини, кажете му збогум на гравот. Оваа храна содржи протеин кој предизвикува неконтролирана клеточна делба и може да доведе до сериозни инфекции.

    Не ставајте пирсинг на јазикот
    Забите и непцата се подложни на оштетување кога носите накит на јазикот, а да не зборуваме за инфекции. Најдобро би било да заборавите на овој начин на украсување на вашето тело, пренесува „Сити магазин“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img