More

    Захарова: Москва е спремна да ги даде информациите околу „валканата бомба“

    spot_img

    „Англосаксонскиот дует создаде уште едно чудовиште кое во моментов го турка светот на најопасниот раб“.

    Со вакви зборови портпаролката на руското МНР, Марија Захарова ја опиша заканата за „валкана“ бомба која според Кремљ доаѓа од страна на Украина. Портпаролката изјави и дека Русија е спремна да му ги даде сите информации на Западот во врска со оваа закана.

    – Во понеделникот на тоа прашање целосно одговори рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој ја коментираше ситуацијата. Тој посочи одреден интерес на странски експерти и рече дека сме подготвени да воспоставиме соодветен контакт. Сакаме да им ставиме до знаење на сите дека сме подготвени да одговориме на сите прашања и дека ќе ги дадеме потребните одговори – изјави Захарова за „Први Канал“ и додаде дека Русија повеќепати го повторила овој став, пренесе агенцијата ТАСС.

    Според Захарова, oна што сега треба да го направат Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Франција е да ги стават сите свои планови во мирување и да седнат и да ги разгледаат материјалите што Русија ги спомна во телефонските повици, како и да ги анализираат информациите во јавноста.

    Таа рече дека континуираното украинско гранатирање на нуклеарната централа Запорожје е директен доказ за „нуклеарната уцена“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img