More

    Загадени се подземните води во голем радиус околу ОХИС

    spot_img

    Линдан има и во водите на реката Вардар пред Велес, покажале истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ – пишува агенцијата Мета.

    Според испитувањата, направени со повеќе бушотини и земените проби за потребите на Студијата која се правеше пред да започне чистењето на малата депонија во кругот на ОХИС, се докажало присуството на ХЦХ и други хемикалии во подземните води кои дренираат во Вардар. Како резултат на тоа, вели Стафилов, присутво на линдан е откриено и во реката Вардар пред Велес.

    – Има апел да не се користат подземните води за наводнување или пиење во сите населби околу ОХИС. Во рамките на Студијата се земаа примероци и од зеленчук одгледан во бавчите што откри дека во него има присуство на ХЦХ – посочува професорот.

    Линданот е канцерогена супстанца, која предизвикува не-Хочкин лимфом, долг временски период не се распаѓа во животната средина, а бидејќи е испарлив, се расејува од контаминираната почва и се содржи и во ПМ-честичките. Долгата изложеност на линдан преку дишење или консумирање контаминирана храна, се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img