More

    Задоцнет зимски бран го погоди регионот

    spot_img

    По период на сончеви денови и високи температури кои наликуваа на летната сезона, во делови од регионот се вратија зимските услови. Како што најавија метеоролозите, температурата на воздухот за само неколку часа паднала за 20 степени, а во Сараево падна и априлски снег.

    Временските услови почнаа да се менуваат низ Босна и Херцеговина во вторник попладне, заладувањето беше проследено со силен северен ветер, нагло опаѓање на температурата, локален дожд, грмежи и послаб снег, јавува Кликс.ба

    фото: Кликс.ба

    Од метереолошката служба на БиХ истакнуваат дека снегот во април не е ништо ново, а паднал и во мај, но таков невиден температурен контраст не е забележан во последните години.

    Пред само два дена во Зеница беа измерени 33°С, а ноќеска и утринава во делови од земјата падна снег. Температурите се намалија за повеќе од 20 до 25°C за само 24 часа.
    Според прогнозата на ФХМЗ денеска во Босна и Херцеговина ќе биде претежно облачно во поголемиот дел од денот, пишува Кликс.

     

    Во Босна ќе паѓа лапавица или снег, а во низините ќе врне и дожд. Во Херцеговина претежно ќе врне дожд, на планините може да врне снег. Делумно намалување на облачноста и престанок на врнежите ќе има во попладневните и вечерните часови.

    Најниската утринска температура на воздухот е претежно во интервал од 1 до 4°С, на југот од земјава од 8 до 13°С. Највисоката дневна температура на воздухот е генерално во интервал од 5 до 10°С, на југот од земјава од 12 до 16°С.

    Драстичен пад на температурите проследено со врнежи од дожд и од снег вчера е забележано и во делови од Словенија и  Хрватска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img