More

    За тројцата членови на косовското семејство немало спас

    spot_img

    Спасувачките екипи го пронајдоа и го извлекоа од водите на Лепенец возилото БМВ со кое косовското семејство Пацоли падна во реката, откако на него налета возило „фолксваген туран“ со скопски таблички, кое се обидувало да претекне цела колона возила, јави дописничката на Сител во дневникот.

    Новинарите на терен добиле потврда од нуркачите дека тоа е возилото, а тројцата од патниците внатре се мртви. Четвртиот член на семејството Пацоли од Косово, 21-годишниот Шкељзим, успеал да излезе, и со повреди е примен на лекување во ГОБ 8. Септември.

    Информацијата ја потврдија за МИА претставници на Министерството за внатрешни работи.

    – Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар, денеска во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце, информираат од МВР.

    Оттаму велат дека е пронајдено и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале, а се потврдуваат и претходните информации дека по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.

    Според репортерите на терен, сите перничиња на возилото биле активирани.

    Возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. (64) е приведен во полициска станица на натамошна постапка.

    Потрагата по возилото и телата на настраданите се соочи со големи проблеми поради надојдените и матни води на Лепенец како последица на обилните дождови.  Во потрагата учествува екипи од полицијата, војската, Дирекцијата за спасување, како и екипи од Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img