More

    За една година бројот на работници е намален за 2,3 отсто

    spot_img
    Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани е намален за 2,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
    Во секторот „рударство и вадење на камен“, е забалежан пад за 3,8 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ за 2,3 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓањето е  за 1,6 отсто.
    Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 5,4 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 7,9 отсто, додека пораст има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,6 отсто, „капитални производи“ за 4,5 отсто и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 5,0 отсто.
    Во периодот јануари – февруари годинава, пак, бројот на работниците во индустријата се намалил за 2,4 отсто.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img