More

    За 35 отсто е намалена потрошувачката на струја во МОН

    spot_img

    Министерството за образование и наука постигна заштеда на електрична енергија од 35% во месец септември 2022 година, споредбено со истиот месец минатата годна. Овој септември, според доставената фактура од добавувачот на електрична енергија, МОН потрошило 29 илјади и 700 kwh, додека во септември 2021 година се потрошени речиси 46 илјади kwh.

    – Податоците потврдуваат дека вработените во МОН целосно ги почитуваат и применуваат препораките на Владата за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во периодот од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. Одговорното однесување со кое се заштедува електрична енергија и притоа не се нарушува сервисната функција на институцијата кон граѓаните, ќе продолжи и во следниот период, затоа што тоа е единствениот начин да се придонесе кон напорите на државата за полесно надминување глобалната економска и енергетска криза – информираат од министерството.

    МОН апелира, владините препораки за рационално користење на електричната енергија доследно да ги почитуваат и сите други образовни институции и установи, а особено училиштата и факултетите кои треба да обезбедат континуитет на наставата во форма во каква и започна новата учебна, односно академска година – со физичко присуство на учениците и студентите.

    – Штедењето на електричната енергија е еден од факторите кој особен во овие вонредни околности на функционирање влијаат на одржливоста на наставата во училниците, предавалните и амфитеатрите, а од друга страна се подигнува стабилноста на енергетскиот систем и се обезбедува доволно електрична енергија за потребите на домаќинствата. Доаѓаат постудени денови и само со одговорно индивидуално и колективно однесување, а тоа значи уште поголеми напори за рационално користење на електричната енергија, ќе можеме да одговориме на предизвиците кои претстојат – стои во соопштението од МОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img