More

    Вучиќ открива дека ја замолил Брнабиќ да не го потпишува законот за истополови бракови

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше во емисија на ТВ Пинк каде зборуваше за сите актуелни теми, а меѓу другото и законот за истополови заедници.

    Како што објасни српскиот претседател за законите поврзани со истополовите бракови и трансродовите лица, тој побарал побарал од Брнабиќ да не го потпишува законот за истополови бракови.

    – Во Србија додека сум претседател нема да потпишам ниту еден закон каде што ќе има трет пол, освен жена и маж. Но, не дозволувајте тоа да ни биде единствената тема. Да размислиме за развојот на државата. И кажав на Ана Брнабиќ и ја замолив да не го потпишува законот за истополови бракови додека јас сум претседател на државата. Јас сум виновна за тоа, а не Ана Брнабиќ. Таа работи на тоа. Мислам дека таа е извонреден премиер, но додека јас сум претседател таа не може да ги спроведе тие закони – рече Вучиќ.

    Тој додаде дека премиерот на Србија се залага за правата на ЛГБТ популацијата, но дека смета дека Србија е традиционално општество и дека не е подготвена за толку голема промена во овој поглед, иако нагласува дека ги почитува сите разлики и дека секој има право на избор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img