More

    Време е народот да си ја врати државата, порача ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Гордана Силјановска Давкова, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

    „Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДСМ. Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза. Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа. Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДСМ стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија. Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
    Од друга страна, пак, СДСМ објави соопштение во кое се вели дека ВМРО-ДПМНЕ едно ветува, а друго прави.

    „Ветувањата коишто ги дава ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните, не се разликуваат од она што го кажуваа пред локалните избори, а што се претвори во бесконечна листа нереализирани проекти и изневерени очекувања. Како што зборуваа за Данела Арсовска, така ВМРО-ДПМНЕ сега зборува за Силјановска. Велеа дека имаат решение за Скопје, кое ќе прерасне во модерен град, граѓаните ќе се возат бесплатно во нови 250 еколошки автобуси, ќе дишат чист воздух од големите мега паркови. А, Скопје сега е најзагадениот и највалканиот град не само во регионот и пошироко, со нефункционална администрација, со јавни претпријатија кои се дават во долгови, со запрени и прекинати проекти, полни контејнери и валкани улици. ВМРО-ДПМНЕ едно зборува, друго прави. Велат дека се за ЕУ, а немаат ни план, ни визија, ни волја за тоа, туку напротив, наместо европска иднина нудат враќање во минатото. СДСМ има јасен план и визија до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ. Изборот пред граѓаните е помеѓу два сосема различни концепти, надеж за европска иднина со СДСМ и Пендаровски и безнадежност и враќање во минатото со ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска“, соопшти СДСМ.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img