More

    Вработувањето по етничка основа ги избра најквалитетните кадри од Македонија

    spot_img

    Балансерот за вработување по етничка припадност, треба да биде минато, истакна дополнителен заменик на министерот во Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски во емисијата „За или Против” на телевизија Алфа.

    Андоновски се осврна на напливот на вештачки вработувања во сите министерства и институции, каде се вработуваат етнички Албанци во средини како Берово, Пехчево или Ново Село, а голем број лица се пријавуваат со најразлична етничка припадност, само за да бидат примени.

    – Балансерот треба да биде минато во Македонија. Времето на балансирање на кадрите по етнички клуч, за некој прво да биде Македонец, Албанец или Турчин, па потоа професионалец, мора да заврши – истакна Андоновски.

    Според Андоновски, со балансирање по етничка припадност заради вработување, Македонија ги избрка најквалитетните кадри од државата.

    Андоновски смета дека постои решение за проблемот во две фази.

    -Во првата фаза, мораме да го вратиме балансерот на присутното население во Македонија, кое ќе ги вгради само луѓето кои живеат во Македонија. Во втората фаза, треба целосно да го напуштиме балансерот при вработување во јавната администрација – вели Андоновски.

    Причина за ваквиот факт се илјадниците вработувања во случаи кога лица ја менуваат својата етничка припадност само за да бидат примени на работа.

    Во интервјуто, Андоновски анализираше дека има министерства како тоа за Политички систем, Животна средина или економија, каде бројот на вработени Македонци е значително помал од оној кој го има на пописот.

    – Комплетно е разорен системот одвнатре, затоа што предолго се барало етничка припадност, а потоа професионалност. Затоа треба да дојде време на вистинска професионалност, проследена со правична и соодветна застапеност – заклучи Андоновски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img