More

    Возилото со телото на кралицата Елизабета помина низ улиците на Единбург до катедралата

    spot_img

    Возилото што го носеше ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора во текот на попладневните часови се движеше низ центарот на Единбург, за да можат поданиците да му оддадат последна почит, а на парадата беше и новиот крал Чарлс Трети, пренесува Би-би-си.

    Сите четири деца на кралицата – кралот Чарлс, принцезата Ана, принцовите Ендру и Едвард, се во поворката зад ковчегот, додека кралицата Консорт Камила и грофицата од Весекс Софија, сопруга на принцот Едвард, ќе бидат во возилото.

    По патот по кој минуваше поворката се собраа неколку илјади луѓе.

    Ковчегот со телото на кралицата пристигна во Единбург во неделата, во замокот Холирудхаус, каде што беше до попладнево, по што беше пренесен во катедралата во Единбург.

    Влезот на граѓаните во соборниот храм ќе биде дозволен од 17 часот.


    Британскиот крал Чарлс Трети изутрината во обраќањето пред пратениците во британскиот парламент најави дека решително ќе го следи примерот на својата мајка, покојната кралица Елизабета Втора.

    „Додека стојам пред вас, не можам а да не ја почувствувам тежината на историјата што не опкружува и ме потсетува на клучните традиции на парламентот на кои членовите на двата дома се посветени за доброто на сите“, рече новиот крал во Вестминстерската сала. .

    Британската кралица почина на 8 септември на 96-годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска. Таа ќе биде погребана на 19 септември во Лондон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img