More

    Возачите на Формула 1 го осудија однесувањето на навивачите во Австрија

    spot_img

    Раководството на Формула 1, сопствениците на Ред Бул Ринг во Спилберг и бројните возачи го осудија сексистичкото, расистичкото и хомофобичното однесување на дел од гледачите на Големата награда на Австрија.

    Според многубројните медиумски извештаи, за време на саботните квалификации можеле да се слушнат сексистички, хомофобични и расистички навреди од навивачи упатени кон други навивачи. На социјалните мрежи се појавија извештаи за пијани навивачи кои малтретираат женски гледачи, хомофобични скандирања и расна злоупотреба.

    „Ваквото однесување е неприфатливо и нема да се толерира. Ние ги сфаќаме овие работи исклучително сериозно и започнавме разговори со осигурувањето, промоторите и оние кои ги пријавија инцидентите“, се вели во соопштението на Ф1.

    Сопствениците на патеката Ред Бул и нивниот светски шампион Макс Верстапен се приклучија на Формула 1 во осудувањето на однесувањето на гледачите. Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон претходно на Инстаграм изјави дека е „згрозен и разочаран“ од она што се случи на Австриското ГП.

    Не можеме да седиме со скрстени раце и да дозволиме ова да продолжи“, рече Хамилтон.

    „Не треба да е важно кого поддржувате, вашиот пол, вашата сексуалност и бојата на вашата кожа. Сите треба да се забавуваат овде“, додаде Британецот.

    Ферари, исто така, се огласи на Твитер, велејќи дека „нема место за злоупотреба ниту вербално ниту физички кон која било група на луѓе во спортот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img