More

    Вооружен Турчин како заложник ја држи четиригодишната ќерка

    spot_img

    Аеродромот во Хамбург е затворен откако синоќа вооружен маж со автомобил ја пробил оградата, пристигнал на пистата и двапати пукал во воздух.

    Во меѓувреме е потврдено дека во возилото има и дете.

    Сопругата на вооружениот маж претходно ја информирала полицијата поради евентуално киднапирање на дете.

    Германскиот весник „Билд“ објави дека станува збор за турски државјанин кој како заложник ја држи неговата четиригодишна ќерка.

    – Во тек е заложничка ситуација. Нашиот преговарачки тим е во контакт со лицето во автомобилот. Ситуацијата останува статична – изјавил портпаролот на полицијата во Хамбург.

    Локалниот весник „Хамбургер морген пост“ утринава објави дека преговорите на барање на киднаперот се водат на турски јазик со помош на преведувач.

    – Таткото и ќерката изгледаат неповредени – изјавил портпаролот на полицијата во Хамбург.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img