More

    Вонредна состојба во Унгарија. Орбан денеска ги најавува своите први потези

    spot_img

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан воведе втора вонредна состојба, овој пат за да ги отстрани последиците од војната во Украина, додека првата вонредна состојба поврзана со пандемијата на коронавирус истекува во вторник следната недела, објавија новинските агенции.

    -„Светот е на работ на економска криза. Унгарија мора да остане настрана во оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на своите семејства“, објави унгарскиот лидер на Фејсбук, пренесува Франс прес.

    Орбан, кој го освои четвртиот последователен мандат на 3 април, претходно користел извршни уредби за да ја спречи миграцијата, а потоа и во пандемијата на Ковид-19, пренесува Ројтерс.

    Новата вонредна состојба повторно ќе и овозможи на владата на Орбан да преземе итни мерки, без парламент.

    „Користејќи го своето уставно право, владата од полноќ прогласува вонредна состојба поради војната“, додаде тој.

    Непосредно пред ова соопштение, новоположениот парламент го измени уставот за да овозможи воведување на ваква мерка „поради конфликт“. Таму партијата Фидес на Виктор Орбан има двотретинско мнозинство.

    Првите одлуки донесени во оваа нова законска рамка ќе бидат објавени во среда, рече Орбан.

    Невладината организација за граѓански права ТАСЗ ја осуди „континуираната вонредна состојба“, потсетувајќи дека таа веќе е воведена во Унгарија за борба против пандемијата на коронавирус. Истата треба да истече на 31 мај.

    На Виктор Орбан му нуди „повеќе простор за маневрирање од вообичаеното“ и му овозможува „едноставно да ги ограничи и укине основните права на секој човек“, предупредува невладината организација, изразувајќи жалење за маргинализацијата на унгарскиот парламент.

    Орбан, кој беше на власт во последните дванаесет години без прекин, од западните партнери редовно е обвинуван за злоупотреба на моќта во неговата земја, членка на ЕУ и НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img