More

    Водителот ја губи битката со болеста

    spot_img

    Телевизискиот водител Џони Ирвин ги обвини продуцентите на емисијата „Место под сонцето“ дека му дале отказ откако им кажал дека имаа рак во терминална фаза. Ирвин кој ја води емисијата „Бекство на село“, има рак на белите дробови во терминална фаза, а болеста се проширила и на мозокот.

     

    Ирвин за „Сан“ рекол дека „Фриформ продакшн“ „го исплатил за остатокот од сезоната и не го обновил неговиот договор“ што било „навистина низок удар“. Претходно овој месец, водителот открил дека ракот на белите дробови му се проширил на мозокот.

    „Не знам уште колку ми остана“, изјави Ирвин за магазинот „Хело“, додавајќи:

    „Во рок од една недела откако се вратив од снимањето, ми останаа уште шест месеци живот“, се сеќава тој, па се осврнал тоа какво влијание неговата болест има врз неговата сопруга Џесика и нивните три деца.

     

    Тој беше водител на емисијата „Место под сонцето“ од 2004 година, а од 2010 година се појавува во емисијата „Бегство на село“ на „Би-би-си 1“. Ракот му бил дијагностициран во 2020 година, а лекарите му прогнозирале 6 месеци живот, но тој својата дијагноза ја објави дури неодамна.

    „Можев да работам на емисијата „Бегство на село“ и да патувам на неколку дена. Кога ми рекоа дека не можам, срцето ми беше скршено. Тоа што повеќе не работам на емисијата влијаеше на моето ментално здравје. Сега сум семеен човек, но сакам да бидам водител, да патувам и да заработувам за моето семејство. Не мислеа на мене“, изјавил Ирвин.

    „По две недели, нова личност ја презеде емисијата. Мислам дека по 18 години заслужив малку повеќе почит. Тоа сепак беше мојата прва телевизиска работа“, додал водителот.

    „Фриформ продакшн“ и „Канал 4“, на кои се прикажува емисијата, велат дека „ниту еден камен не останал непревртен“ во потрага по начин за тој да остане, но не можеле да добијат осигурување.

    „Иако не можевме да продолжиме да снимаме со него во странство, мило ни е што можеше да остане како дел од нашиот тим во Велика Британија. Ние, секако, разбираме колку тоа е фрустрирачки за него во овој неверојатно тежок момент“, стои во соопштението.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img