More

    Во Германија најголем скок на цените на производителите од 1949 година

    spot_img

    Во Германија годинава бележат најголем скок на производните цени од 1949 година кога почна да се бележи статистика.

    Во Германија, цените на производителите продолжија да растат на рекордно ниво во август, пренесува германската агенција dpa. Според податоците на германскиот завод за статистика, енергенсите поскапеле за 45,8 отсто во однос на истиот период лани.

    Ова е најголем пораст во една година од почетокот на евидентирањето на статистиката во 1949 година, пишува dpa. Рекорден раст достигнаа и производствените цени. Во август, на пример, тие се за 7,9 отсто повисоки во однос на претходниот месец. На поскапувањето големо влијание има и поскапувањето на енергетските производи кои за една година поскапеа во просек за 139 отсто. Природниот гас во август е поскап за 209,4 отсто од пред една година, а струјата за 269,1 отсто, пишува dpa.

    Високите цени на енергетските производи влијаат и на полупроизводите кои поскапеа за 17,5 отсто. Германската агенција за печат како пример ја наведува цената на металите и основните хемикалии. Погодени се и трајните и потрошните производи и тоа со 10,9 и 16,9 отсто. Храната, во просек, во август чинела 22,3 отсто повеќе отколку во истиот месец лани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img