More

    Во Битола и во Скопје се одржаа протести на кои се бараше правда за Јана

    „Ако немаш пријател умри си“, „Партизирано здравство непријател број 1 на здравството„, Сложни доктори и во петок закопуваат“, „Немаме солзи да ви ги исплачеме гревовите“, „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?!“, „Купената диплома слугува на народот!“.

    Ова се само дел од паролите кои се истакнати на битолскиот плоштад Магнолија каде граѓаните излегоа на мирен протест да го искажат револтот од македонското здравство. Народот излезе да побара правда за Јана.

    – Ние сме тука да ги поддржиме родителите на Јана и стоиме зад секој нивен кажан збор. Народот во што се сомнева е тоа се институциите, а тоа покажуваат и сите анкети. Ние ќе ги почекаме резултатите од обдукцијата и чекорите од обвинителството ќе видиме кои ќе бидат нашите идни постапки – рече организаторот на протестот во Битола, Игор Петковски.

    Неколку родители дојдоа да го поддржат протестот на битолчани преку кој бараат одговори од што починала петгодишната Јана Христова. Од пред Министерството за здравство, неколку граѓани посочија дека не ги линчуваат докторите, туку да престане молкот и да се кажат причините за смртта.

    – Дојдов тука бидејќи себеси си должам да бидам присутна, бидејќи бев и за Тамара. Очекував реформи во здравството, да не дојде до ваква ситуација, да ние бараме правда за некое наше дете. Апсолутно сметам дека не само што ја убиваме иднината на нашите деца, туку ги убиваме и нашите деца. Не навлегуваме, не сме тука за линч на лекарите – туку бараме брзи и ефикасни одговори како може да дојде до ваква ситуација каде имаме смрт на дете од непознати причини. Родителите остана месец дена во агонија за барање за правда, рече жена која беше присутна на протестот.

    Јана почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала. Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека немало пропусти во лекувањето и кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img