More

    Владимир Анчев назначен за државен секретар во Министерството за одбрана

    spot_img

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го назначи Владимир Анчев за државен секретар во Министерството за одбрана.

    Во Министерството за одбрана тој работи од октомври 2020 година како посебен советник, а од декември 2021 година активно придонесува во функционирањето на Министерството како државен советник.

    Анчев, соопштија од МО, во својата кариера има работено на бројни менаџерски позиции во јавниот и во приватниот сектор. Во речиси дведеценискиот работен ангажман има стекнато искуство во доменот на меѓународната соработка и менаџментот на човечките ресурси – првенствено во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј како соработник за меѓународна соработка, а потоа и во Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за информатичко општество и администрација каде фокусот го става на развојот на софтвер за управување со човечки ресурси за 1.300 институции, како и воведување и одржување на стандарди за управување со квалитет.

    Работната кариера ја продолжува во приватниот сектор како менаџер за човечки ресурси, каде го води процесот за воведување на оддел за човечки ресурси и подготовка на правилници за внатрешна организација, како и анализа на трудот и спроведување на функционална анализа.

    Анчев имал организирано голем број обуки од областа на менаџментот со посебен фокус на човечките ресурси. Член е на Македонската асоцијација за човечки ресурси и Регионалната школа за јавна администрација и автор на поголем број истражувачки трудови посветени на развојот на системот за јавна администрација.

    Дипломирал право на Правниот факултет „Јустинијан Први на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img