More

    Владата во Софија да се придржува до Декларацијата изгласана во Народното собрание

    spot_img

    Бугарскиот претседател Румен Радев, изјави дека олекува Владата на неговата земја, строго да се придржува на Декларацијата на Народното собрание, на консензусот и волјата на Бугарите и отворените прашања да бидат решени пред почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

    Како што пренесува БГНЕС, Радев повторил дека бугарската позиција во однос на евроинтеграцијата на Македонија се базира на резултати, а не рокови и услови наметнати однадвор. Според него, секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика криза во власта.

    – Советниците на премиерот во никој случај да не ги квалификуваат македонските Бугари како малцинство. Тоа може да го минира целиот процес на евроинтеграција на Република Северна Македонија – предупредува Радев.

    Со критики се јави и пратеникот на опозицискиот ГЕРБ и поранешен министер за надворешни работи, Даниел Митов кој го обвини премиерот Кирил Петков дека функцијата ја почнал со лаги и така продолжува.

    – Владата не се справи со ништо. Петков е Бугарин од неодамна, не го разбира случајот со Северна Македонија, нема осет за историјата на сопствениот народ и нема претстава колку овој случај е врежан во свеста на секој Бугарин – вели Митов.

    Според него, сите сигнали се дека премиерот има заткулисни активности за Македонија, а на прашањето од каде му се таквите информации вели дека тоа го потврдил еден од коалициските партнери на Петков, кој учествувал на средба.

    И Митов како и Радев го повика Петков да внимава кога го користи терминот малцинство кога зборува за Македонија.

    – Ние не бараме никакви права за бугарско малцинство. Бугарите во Република Северна Македонија треба да добијат статус на државотворен народ. Ве повикувам да внимавате кога зборувате. Бугарија, согласно Уставот, не признава колективни права, туку само индивидуални. Таков говор може да создаде проблеми во иднина – предупреди Митов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img