More

    Владата на Црна Гора плани да го врати во државна сопственост обединетото пристаниште Бар со чиј дел стопанисува турската компанија „Порт оф Адриа“

    spot_img

    Владата на Црна Гора плани да го врати во државна сопственост обединетото пристаниште Бар со чиј дел стопанисува турската компанија „Порт оф Адриа“. Ова, според црногорските медиуми, го најави премиерот Дритан Абазовиќ.

    Како што соопшти владата на Црна Гора, почнати се преговори со менаџментот на турската компанија „Порт оф Адриа“, која стопанисува со дел од пристаништето Бар.

    Абазовиќ смета дека претходната одлука за сегментација на пристаништето Бар „се покажала како целосно промашена политика“ и дека Владата има голема амбиција да го направи обединетото пристаниште Бар генератор на економски развој што ќе ја промени цела Црна Гора.

    – Ние сме на добар пат да ја завршиме оваа трансакција и да го вратиме овој важен имот во државна сопственост – изјави Абазовиќ по средбата со претседателот и извршниот директор на турската компанија Мехмет Кутман и Седат Кара.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img