More

    Владата ќе купува гас од Србија, бидејќи „Макпетрол“ нудел висока цена

    spot_img

    Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов информира дека природниот гас земјава ќе го купува од Србија.

    – Ќе и платиме на Србија, а гасот ќе се носи преку врската во Бугарија. Еден дел е за топланите за топлинска енергија , а еден дел ќе биде за АД ТЕ-ТО за производство на електрична енергија – рече Андонов во гостување во програма на ТВ24.

    Тој рече дека со српската страна во процес е договарањето за количините на гас по прифатлива цена со која нема да има нови поскапувања и оптеретување на буџетот.

    – Разговорите одат во насока на обезбедување прифатлива цена – појасни тој.

    Андонов појасни и зошто не е постигнат договор со  „Макпетрол“ кој  нуди гас на  руски „Гаспром“.

    – Цената преку „Макептрол“ е над 2.000, односно до 2.500 евра за нормален метар кубен. Со таа цена понатаму од 400-600 евра ќе биде ценатат за мегаватчас струја, а исплатлива цена за индустријата да преживее е 200 евра. Ако обезбедевме цена по тоа што се нуди, ние на тој начин немаше да и помогнеме на индустријата. Тоа ќе се одразеше и на сметките на граѓаните и на буџетот – рече Aндонов.

    Вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битичи реќе дека е обезбеден гас за грејната сезона и за производство на струја но рече дека е „неважно од каде гасот ќе биде увезен“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img