More

    Владата и СОНК побрзо да најдат решение-Матурантите веќе ги пропуштаат роковите

    spot_img

    Сојузот на средношколци апелира Владата и СОНК да ги интензивираат преговорите и да изнајдат решение и бара средношколците да бидат  вклучени во изнаоѓањето на решенија за надоместување на пропуштениот материјал.

    Средношколците, како што се наведува во соопштението, потсетува дека девет дена нема настава за најголемиот дел од учениците.

    „ Ова значи дека учениците веќе имаат пропуштено цели две работни недели од редовниот образовен процес. Потсетуваме дека станува збор за генерација која веќе изгуби цела учебна година со неквалитетна онлајн настава, а дополнително пак и други две недели со продолжувањето на зимскиот распуст. Со ваквата поставеност на работите, средношколците веќе три години се вон нормалниот образовен процес“, се вели во соопштението.

    Сојузот на средношколци не го оспорува правото на штрајк на наставниците, но вели дека остварувањето на тоа право веќе го нарушува право на образование на децата, а за тоа вина имаат двете страни во процесот на преговори.

    „Обете страни се одговорни за загубата на наставата во изминативе две недели, односно одговорни да најдат решение во интерес на средношколците. Средношколци, дали некој во земјава воопшто мисли на нас и нашите права и интереси и дали го сослушува нашиот глас? Сојузот на средношколци јавно ги повикува двете страни што побрзо да склучат договор со цел намалување на штетата која единствено ја трпат учениците.“, се наведува во соопштението.

    Од Сојузот на средношколци потсетуваат дека моментално во многу мал број од училиштата е организирано вонредно одржување на наставата со цел продолжување на наставата непречено.

    „Ова е особено проблематично за матурантите бидејќи кај многумина од нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе им се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство. На пример, рокот за полагање на проектната задача истекува на 21 април. Затоа потребно е итно решавање на проблемот“, апелираат средношколците.

    Оттаму потсетуваат дека се залагаат за зголемување на буџетот за образованието како дел од бруто домашниот производ, т.е. да се одвојуваат 5 отсто од БДП за образование согласно со европскиот просек.

    „Зголемувањето на буџетот треба да оди во насока на подобрување на инфраструктурата, но и во поголема поддршка за кадарот“, се вели во соопштението.

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img