More

    Вјоса Османи изјави дека Косово е нападнато и ја повика меѓународната заедница да воведе санкции кон Србија за да не се повтори анексијата по моделот на Крим

    spot_img

    Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека Косово е нападнато и ја повика меѓународната заедница да воведе санкции кон Србија за да не се повтори анексијата по моделот на Крим.

    Османи разговараше со новинарката на Си-Ен-Ен, Кристијан Аманпур, само еден ден по интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Нова.рс.

    Османи не ги коментираше барањата на Белград за формирање Заедница на српски општини. Таа рече дека Косово нема потврда за повлекување на српската војска од административната линија.

    – Ние работиме заедно со сојузниците за да добиеме потврда за повлекувањето. Многу е важно да се нагласи дека Косово се соочува со невиден безбедносен предизвик, односно агресија. Имавме јасен акт на агресија од нашите соседи. Тоа беше извршено од паравоени формации. Оваа агресија беше подготвена, со цел анексија по линијата на Крим – нагласи таа, додавајќи дека Косово и неговите сојузници успеале да го спречат спроведување на српскиот план. Таа ја обвини Србија дека има намера дополнително да го дестабилизира Косово за да му овозможи на рускиот претседател Владимир Путин да отвори нов фронт во Европа.

    Нема да го дозволиме тоа, порача Османи.

    – Треба да го запреме овој обид со санкционирање на Србија. Доколку нема санкции, Србија ќе биде охрабрена да продолжи со насилство, не само кон Косово, туку и кон другите во регионот – вели претседателката.

    Османи тврди дека Косово има докази кои ја потврдуваат поврзаноста на Србија со настаните во Бањска.

    – Имаме јасни видео докази за обука во Србија, организирана од српската армија. Оружјето што го запленивме не е оружје што може да го добијат обичните граѓани, туку само армијата – рече таа и побара Србија да ги екстрадира Милан Радоичиќ и другите кои учествуваа во насилствата во Бањска.

    Таа најави дека Косово ќе објави докази за „директна наредба што дошла од Вучиќ“.

    На прашањето дали Косово ќе формира Заедница на српски општини, на што инсистира меѓународната заедница, Османи повтори дека Косово е нападнато и жртва на агресија.

    – Пред сè, сакаме Радоичиќ и другите да бидат екстрадирани на Косово. Земајќи го предвид досегашното искуство, Србија нема да го стори тоа. Има само една конструктивна страна во дијалогот, а тоа е Косово, кое спроведе 99 проценти од сите нејзините обврски – рече таа.

    Османи потсети дека Србија во 2013 година се обврза да ги распушти паралелните структури на Косово, но настаните во Бањска покажуваат дека тоа само ги зајакна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img