More

    Вицепремиерот за европски прашања одреден за главен прговарач со ЕУ

    spot_img

    Со денешната одлука на Владата за одредување на преговарачката структурата се воспоставува функција главен преговарач, функција што ќе ја вршам јас како заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања. За хиерархиска консистентност, ќе има и заменик на главниот преговарач, таа функција ќе ја врши државниот секретар за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, информираше вчера вицепремиерот Бојан Маричиќ.

    Појаснувајќи ја преговарачката структура, тој посочи дека покрај главен и заменик преговарач, таа содржи и Комитет за преговори, претседаван од Владата и премиерот Димитар Ковачевски, четворицата вицепремиери, министерот за надворешни работи и министерот за финансии. Содржи и Државна делегација за преговори, на чело со министерот за надворешни работи Бујар Османи, како шеф на делегацијата.

    Во составот на преговарачката структура вклучена е и група за преговори составена од главен економист, главен правник и главен анти-корупционер. Формирани се и Работен комитет за европска интеграција и работни групи за пристапни преговори, како помошни тела поделени по кластери, три области и 33 поглавја. Истите ќе учествуваат во подготовка на анализи за степенот на усогласеност на националното законодавство со ЕУ и подготовка на нацрт-преговарачки позиции.

    Како единствена точка за координација ќе биде Секретаријатот за европски прашања. Во секоја работна група ќе има претставник-координатор од СЕП, надлежен за методолошките и процесни аспекти и координација со останатите тела.

    – Заради важноста и улогата на Собранието, неговата одлука ќе се дефинира со меѓусебен договорен акт во кој ќе биде дадена и дефинирана улогата на опозицијата. Во наредните денови се планирани средби со претседателот на националниот совет за евроинтеграции за што подаваме рака и опозицијата да се вклучи во овој процес – вели Маричиќ.

    Одлуката на структурата за преговори предвидува и можност за претставниците од граѓанскиот сектор да учествуваат во работата на работните групи. Исто така, свое место во процесот ќе има и бизнис заедницата, како и академската заедница и локалната самоуправа. вели заменик-претседателот за европски прашања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img