More

    Вицепремиерот Битиќи најавува отворање на пазарот на трудот

    spot_img

    Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот на трудот ќе се либерализира, но сè уште е отворена дилемата дали целосно или таргетирано – изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за Дојче веле.

    За почеток фокусот е на регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји.

    – Точно е дека сè уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14 отсто и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на кадар од државата. Овој тренд е присутен не само кај нас, туку во сите земји од Западен Балкан и се должи на она што се случува и во земјите од Европската Унија, како Германија, Франција, Белгија, кои ги отвораат пазарите на труд, но исто така имаат и миграција на работници во трети земји – вели Битиќи.

    Ние, како Западен Балкан, посочува Битиќи, немаме таква миграциска политика за да кажеме кон кого се отвораме.

    – Првиот исчекор го направивме пред година и половина со иницијативата „Отворен Балкан“. Дел од овој процес се и законските решенија за единствен идентификациски број на трите земји Србија, Северна Македонија и Албанија, што е поврзано со една од вредностите на Европската Унија, а тоа е мобилноста. Да може работната сила полесно да доаѓа. Извештајот на ОЕЦД покажува дека интрамиграциските движења во Западен Балкан се на ниво на 15 отсто од вкупното миграциско движење. Постоело и претходно, постои и сега, ама ние сакаме да го артикулираме уште повеќе за да ги искористиме сите потенцијали од Западен Балкан, затоа што и културолошки сме поблиски. Луѓето многу полесно ќе се движат и снаоѓаат на пазарот на труд, појаснува Битиќи.

    Тој смета дека не би требало да имаме привилегирана земја кон која ќе се насочиме и затоа, како што вели, неделава ќе се разговара детално со стопанските комори, организацијата на работодавачите, за да се види што, каде и колку е потребно.

    Во нашата земја, како што истакнува, веќе имаме работници од Индија кои работат во автоиндустрија и во секторот за информатичка технологија. Исто така и во делот во градежништвото имаме работници од источна Турција, а на автопатот Кичево кон Охрид каде се ангажирани работници од Кина

    – Пазарот на труд годишно бара 10 до 15 илјади места. Пред кризата стигнавме и до 25 илјади во една година. Но заради кризата се намали, во моментов имаме потреба за 9.000 работни места кои се бараат на пазарот на труд, но најголем дел од оние што ги имаме како активни баратели се со вештини и знаења кои не одговараат на потребите. Но јас лично не се откажувам од активните баратели на работа, тоа се наши сограѓани, евидентирани и се стремам кон нив да се доквалификуваат, преквалификуваат за потребите на пазарот на труд во кој би биле подобро платени. Меѓу нив можеби има и некои со магистерски студии, но тие не одговараат на потребите. Затоа сметам дека овој процес продолжува – нагласува Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img