More

    Вистинска битка со дронови се водеше во понеделникот утрото над Киев

    spot_img

    Вистинска битка со дронови се водеше во понеделникот утрото над Киев, откако во три одвоени напади камиказе дронови од иранско производство го нападнаа главниот град на Украина.

    Официјално се соопштува дека се загинати 3, а под урнатините на една станбена зграда се извлечени 19 преживеани лица.

    Украинскиот премиер Денис Шмихал кажа дека има загинати цивили и во други делови од земјата и дека се погодени клучни инфраструктурни објекти во регионите Дњепар и Суми.

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека во градот имало пет експлозии откако Русија лансирала напад со 28 дронови.

    Украинската војска соопшти дека уништила 37 руски дронови од неделата вечер.

    Според извештаите од теренот, Русија за нападите користи беспилотни летала камикази Шахид-136, кои го добија руското име Геран-2. Во војната во Украина, првата масовна употреба беше нападот на Одеса на 23 септември.

    Иранците масовно произведуваат сопствени беспилотни летала, кои веќе беа успешно тестирани на Арапскиот полуостров, каде во изминатите неколку години извршија неколку напади врз нафтените рафинерии во Саудиска Арабија и во ОАЕ, како и врз аеродроми. Спротивставувајќи им се на јеменските Хути, Саудијците успеваа да соборат беспилотни летала во лет, со скапите ракети AMRAAM AIM-120 и AIM-9 Sajvander. Се тврди дека истото сценарио сега го користат и Украинците.

    Незгодата е во тоа што беспилотните летала камиказе се многу поевтини во споредба со авијацијата на првата линија, а ефектите се многу повисоки, бидејќи прават големи штети, а стапката на загуба е многу мала, речиси занемарлива. Тоа беше причина што пред околу еден месец тргнаа испораки на беспилотни летала од Техеран.

    Oд 10 октомври, беа извршени масовни напади врз цели во Украина, како одмазда за експлозијата на мостот на Крим. Во оваа одмаздничка операција, забележлива улога одиграа ток у беспилотните летала камикази Шахид-136.

    Со олку вакви летала располага Русија? Тоа засега не се знае. Експертите претпоставуваат дека ги има многу и дека можеби можат да одиграат важна улога во запирање на операциите на украинската армија против руската агресија.

    Погледнете неколку видеа од ракетните напади во Киев со беспилотни камиказе летала:

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img