More

    Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места

    spot_img

    Осум милиони работни места во Велика Британија би можеле да бидат изгубени поради вештачка интелигенција во „најлошото сценарио“, соопшти Институтот за истражување на јавна политика.

    Од Институтот наведуваат дека анализата покажала дека Велика Британија е на пресвртница кога станува збор за имплементација на генеративна вештачка интелигенција и ја повикале Владата да обезбеди развој на фер индустриска стратегија.

    Извештајот идентификуваше две клучни фази на усвојување на вештачката интелигенција: првиот бран, кој веќе е во тек, и вториот бран, во кој компаниите подлабоко ќе ја интегрираат оваа технологија во нивните процеси, објави агенцијата PA.

    Институтот подвлече дека во втората фаза 59 отсто од задачите што ги извршуваат работниците може да бидат предмет на замена со автоматизација на вештачката интелигенција, доколку не се интервенира.

    Тој прецизираше дека таканаречените работни места во заднина, почетно ниво и со скратено работно време се најмногу изложени на ризик да бидат укинати во текот на првиот бран, вклучувајќи секретарски, кориснички и административни улоги.

    Овие работни места најчесто ги извршуваат жени и млади луѓе, па веројатно тие би биле најпогодени. Во анализата се посочува дека работниците со пониски плати се исто така идентификувани како најизложени на потенцијална замена со вештачка интелигенција.

    Институтот заклучува дека, според најлошото сценарио, 7,9 милиони работни места би биле „изгубени“ во вториот бран во Британија и нема да има зголемување на бруто домашниот производ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img