More

    Веројатноста за нуклеарен Армагедон се зголемува од ден на денВеројатноста за нуклеарен Армагедон се зголемува од ден на ден

    spot_img

    Откако неговата ќерка Дарија Дугин беше убиена летово во предградие на Москва, влијателниот руски идеолог Александар Дугин, кого многумина го опишуваат како духовен водач и архитект на руската инвазија на Украина, им рекол на Русите дека „специјалната воена операција“ во Украина е завршена и да се подготват за Третата светска војна.

    Во првата статија што ја објави по смртта на ќерката, рускиот ултранационалист наведува дека последниот воен успех на Украина во регионот на Харков е потврда дека војната на Западот против Русија започнала, која многу лесно може да прерасне во Трета светска војна.

    – Пресврт е токму ситуацијата во Харков, како и принудното повлекување на руските сојузнички сили. Оставајќи ги настрана психолошките ефекти и легитимните размислувања на патриотите, мора да се нагласи дека во целина, вклучително и целиот тек на специјалната воена операција, дојдовме до точка од која нема враќање, пишува теоретичарот и гуру на рускиот претседател Владимир Путин и објаснува како Третата светска војна не е прашање на страв или очекување, туку дека тоа е едноставно факт, пишува тој во својата статија „На работ на Третата светска војна“ за „Geopolitika.ru“.

    Тој вели и дека е отворено прашањето дали ќе се користи нуклеарно оружје и дека „од ден на ден се зголемува веројатноста за нуклеарен Армагедон“.

    – Сосема е јасно, а многу американски воени команданти, како што е поранешниот американски командант во Европа Бен Хоџис, тоа отворено го кажуваат, дека Западот нема да биде задоволен ниту со нашето целосно повлекување од територијата на поранешна Украина, дека ќе стави крај на оваа војна на наша сопствена почва. Јенс Столтенберг инсистира на „безусловно предавање“, Бен Хоџис на „деимперијализација“, распарчување на Русија, анализира Дугин и оценува дека во 1991 година Западот бил задоволен со распадот на Советскиот Сојуз и идеолошката отстапка на Русија, како и „пред се со прифаќање на западната либерална идеологија, политички систем и економија под западно водство“.

    – Денес црвената линија за Западот е постоењето на суверена Русија, дури и во границите на Руската Федерација. Контранападот на АФУ во регионот Харков е директен напад на Западот врз Русија. Сите знаат дека оваа офанзива беше организирана, подготвена и опремена од военото раководство на САД и НАТО и дека се одвиваше под нивен директен надзор. Не се работи само за употреба на воена опрема од НАТО пактот, туку и за директно вклучување на западните воздухопловни разузнавачки служби, платеници и инструктори. Во очите на Западот, ова е почеток на нашиот крај. Откако покажавме слабост во одбраната на териториите под наша контрола во Харковската област, можеме да бидеме поразени. Ова не е мал успех на Киевската контраофанзива, туку прв опиплив успех на силите на НАТО – изјави Александар Дугин.

    Рускиот филозоф и геостратег повторува дека последните настани се потврда дека Западот и објави војна на Русија, односно веќе ја води.

    – Ние не ја избравме оваа војна, не ја сакавме. Ниту, пак, сакавме војна со нацистичка Германија во 1941 година, а долго време одбивавме да веруваме дека ќе има – до самиот почеток. Но, во сегашната ситуација, кога се води де факто војна против нас, тоа не е од пресудно значење. Единственото нешто што е важно сега е да победиме во таа војна, бранејќи го правото на Русија да постои – напиша Дугин.

    Во продолжение тој тврди дека т.н Специјалната воена операција заврши.

    – Постепено се дегенерира во целосна војна со Западот, во која всушност улогата на орудие игра самиот нацистички терористички режим во Киев – тврди тој, додавајќи дека „залудно е да се преправаме дека т.н. наречена Специјална воена операција (СВО) продолжува“.

    – Сега сме во војна против наша волја и тоа го погодува секој граѓанин на Русија: секој од нас е на браникот на непријателот, терористите, снајперистите, окружните групи за брза акција. Крајот на СВО значи потреба од длабока трансформација на целиот политички и општествен систем на современа Русија, за да се стави земјата на воена основа, во политиката, економијата, културата и ИТ сферата. Сè се сведува на војна со Западот – рече Дугин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img