More

    Велјановски: Голема недоверба, допрено е дното! Голема заслуга во градењето недоверба во системот има и јавниот обвинител Љубомир Јовески

    spot_img

    Голема недоверба, допрено е дното! Голема заслуга во градењето недоверба во системот има и јавниот обвинител Љубомир Јовески – рече пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која беше разгледан и усвоен годишниот Извештај за работата на Советот на јавни обвинители за 2021 година.

    Велјановски рече дека се додека правосудството е под закрила на извршната власт, ќе постои недоверба во него и анкетите ќе покажуваат поразителни резултати.

    – Треба човек сам на себе да си признае кога работите не одат во добра насока. Треба некој да понесе одговорност. Не очекувам додека е оваа Влада некој да понесе одговорност, но апелите се да се расчистат случаите кои прават земјотрес во општествениот живот на државата, бидејќи токму Јовевски е клучна алка во градењето на оваа недоверба – рече Велјановски.

    Пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Јовески е чувар на криминалот и криминалец.

    – Некој што го чува криминалот на власта, во случајов на СДСМ и ДУИ, на Ковачевски, на Заеви и на Оливер Спасовски, не може да биде ништо друго освен криминалец – рече Коцевски.

    Јавниот обвинител Јовески, пак, во реплика рече дека тоа што Коцевски во својство на пратеник упатува отворена закана кон државниот јавен обвинител е причина за малата доверба во правосудството. Според него, ваквите закани и навреди претставуваат атак врз самостојноста и независноста на правосудните органи.

    – Не се плашам. И покрај таа закана бидете спокојни, бидејќи мене ништо тоа не ми значи. Таа закана врз мене е закана и врз другите правосудни органи. Не можете така да се однесувате. Не може тоа ниво на комуникација да го симнете со јавен обвинител. Тоа повеќе говори за вас, отколку за моето вршење на функцијата. Јас во секој момент сум подготвен да преземам одговорност – рече Јовески.

    Пратеничката Дафина Стојановска од истата партија, обраќајќи му се на јавниот обвинител Јовески рече дека очекуваат да дејствува по допрен глас за три, како што ги нарече, афери и скандали – ,,Броило”, ,,Тајни имоти” и ,,Паразити”.

    Комисијата го проследи Извештајот на понатамошна постапка во Собранието, а продолжението на седницата е закажано за в понеделник во 11 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img