More

    Велика Британија потврди дека доставила ракети со дострел од 250 километри

    spot_img

    Велика Британија потврди дека ја снабдила Украина со ракети Олујна Сенка (Стром Шедоу) со дострел од повеќе од 250 километри пишува Би-Би-Си. Велика Британија е единствена западна земја која се согласи да го достави ваквиот тип ракети, откако Белата куќа соопшти дека политиката на САД за овие проектили останува непроменета, односно дека САД ќе продолжат со испораката на досегашните ХИМАРС кои имаат дострел од 80 километри.

    Одлуката на Британија да ги достави ракетите доаѓа по повеќекратните молби од Украина за повеќе оружје од Западот. Британскиот министер за одбрана Бен Валас рече дека ракетите „ќе ѝ дозволат на Украина да ги потисне руските сили базирани на украинска суверена територија“.

     

     

    Еден твитерџија на социјалните мрежи постираше мапа од Украина со исцртан круг од радиус од 300 километри споредувајќи што би значел овој дострел.

     

     

    Според информации од сајтот distance.to, најблиската точка од украинската граница до Москва се наоѓа кај Брјанск од украинска страна, на 840 километри по воздушна линија.

    Ракетите Олујна Сенка се истрелуваат од воздух. Ова би требало да им даде предност на украинските авиони. Откако бидува лансирана, ракетата паѓа на мала височина за да избегне откривање од непријателски радар, пред да ја погоди својата цел користејќи инфрацрвен трагач.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img