More

    Ванчомихајловистите клекнаа на колена

    spot_img

    На бугарските воени гробишта во селото битолското село Цапари, денеска на пладне се одржи воено-црковен ритуал на кој ќе присуствува и бугарската потпретседателката Илијана Јотова, како и поранешниот бугарски претседател Георги Парванов, соопшти прес-службата на бугарското претседателство.

    Јотова синоќа допатува во Битола по повод денешната Задушница на која од 1924 година во Бугарија се чествува споменот на сите загинати бугарски војници.

    Таа на новинарското прашање дали нејзината посета на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот од фашизмот е провокација рече:

    – Јас се исклучувам од тоа натаму да минувам по пат на провокации и ние имаме заеднички интереси и цели. Се молам за нивните души и молиме за разум повеќе да нема војни. Заедно со бугарската делегација оддавам почит на првите признати и од двете страни бугарски воени гробишта во Цапари. Бугарските војници веруваа во ослободувањето на сите Бугари, во обединувањето на Бугарија, во обединувањето на сите нас.  Гледајќи ги сите ужаси од војните немаме право на идните генерации да има оставаме војни и конфликти туку мир просперитет.

    Пред присутните се обрати и поранешниот претседател на Бугарија, Ѓорѓи Прванов кој исто така рече дека овие војници загинале за ослободување на народот од непријателот и за обединувањето на Бугарија.

    Ванчомихајловистите од Битола клекнаа на колена пред споменикот во Бугарските воени гробишта во Цапари, каде заедно со високата делегација од Бугарија, предводена од потпретседателката Илиана Јотова, го чествуваа  верскиот празник Задушница.

    Гробиштата се создадени за време на Првата светска војна, кога таму биле погребани 214 бугарски војници и офицери и се првите обновени бугарски воени гробишта на територијата на Македонија. Во дворот на црквата „Свети Ѓорѓија“ се наоѓаат седум споменици на бугарските офицери закопани таму.

     

    фото: Телма

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img