More

    Увозот расте со поголема стапка од извозот

    spot_img

    Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава до август изнесува 5.396.652.000 евра и бележи пораст од 18,3 отсто во однос на истиот период од претходната година, пресмета Државниот завод за статистика.

    Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.894.510.000, што е за 26,2 отсто повеќе во лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2022 година, изнесува 2.497.858.000 евра.

    Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите за седишта.

    Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородните метали во колоидна состојба; соединенијата, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгамите од благородни метали.

    Во периодот јануари – август 2022 година, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img