Полска ги крена воените авиони во знак на готовс поради руското ракетирање кое се случи ноќта меѓу четвртокот и петокот. Според непотврдени информации две ракети поминале над небото на Молдавија. Русите со ракети и дронови нападнале енергетска инфраструктура во Дњепропетровск, Хмелницки, Лавов, Ивано-Франковск, Черкаси, јави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.
Нападот започна нешто по полноќ со напад со дрон.
– Околу 50 беспилотни летала влегоа во неколку бранови од север и југ и ги погодија хидроцентралите Среднепровскаја и Каневскаја и термоцентралите Криви Рог и Днепар. Погодени беа и трафостаници и воени инсталации – вели воениот експерт Јуриј Подољак, додавајќи дека списокот на погодени објекти најверојатно ќе се прошири во текот на денот.