More

    Унгарија и Полска постигнаа консензус за отфрлање на ЕУ пактот за миграција, набрзо откако Европскиот парламент го одобри договорот

    spot_img

    Унгарија и Полска постигнаа консензус за отфрлање на ЕУ пактот за миграција, набрзо откако Европскиот парламент го одобри договорот. Договорот, кој се подготвува со години, е дизајниран да го забрза процесот на азил, да ги премести мигрантите од првите земји и да го поедноставу процесот на депортација за неуспешните баратели на азил.

    Додека претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го поздравија договорот како историски, тој беше остро критикуван од други, вклучително и невладини организации, како и од крајно десничарските и од крајно левичарските европратениците.

    Полскиот премиер Доналд Туск остро ја отфрли идејата за механизам за релокација, кој ќе ги префрли мигрантите од првите земји во другите земји-членки на ЕУ. Туск вети дека ќе најде начин да ја исклучи Полска од тој механизам.

    – Ќе најдеме начин да ја заштитиме Полска од механизмот за преселување, дури и ако овој пакт стапи на сила, помалку или повеќе, во форматот во кој беше изгласан денеска во парламентот – рече Туск.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, го критикуваше договорот на социјалните мрежи, нарекувајќи го пактот „уште еден клинец во ковчегот на Европската унија“.

    „Единството е мртво, веќе нема безбедни граници. Унгарија никогаш нема да подлегне на масовното миграциско лудило! Ни требаат промени во Брисел за да ја запреме миграцијата“ – напиша Орбан на социјалната платформа Х.

    Земјите-членки на ЕУ сега мора да го одобрат пактот. Будимпешта и Варшава долго време го водат отпорот за миграцискиот договор. Двете земји често се закануваа, а понекогаш и успеваа да го нарушат напредокот на преговорите околу овој клучен акт.

    Сепак, односите меѓу двете земји се заладија откако поранешниот претседател на Европскиот совет, Туск ги ги смени националистите пријатели на Орбан во Варшава. Затоа Политико заклучува дека двете централноевропски земји сега направиле „неочекуван“ сојуз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img